Во рамките на активностите во месецот посветен на ДЕТСКИТЕ ПРАВА, а под мотото : “Имам право да живеам здраво”, учениците од биолошко-еколошката секција со одговорниот наставник Зора Ѓоршоска и заменик претседателката на Советот на родители Павлина Љатко Богоевска остварија средба со претставник од Хидробиолошкиот институт.
Цел на посетата беше одбележување на Денот на Климатските промени и нивното влијание врз
живиот свет во езерото и надвор од него.
Учениците се запознаа со карактеристиките на езерото,флората и фауната во него, ендемични форми од инвертебратите, вертебратите, флората во езерото, со посебен акцент на природниот и вештачкиот мрест на Охридската пастрмка
Со конкретни примери им беше објаснато и за влијанието на климатските промени врз живиот свет во езерото но и поврзаноста и меѓусебната зависност на организмите насекаде на Земјата.
Голема благодарност за отворениот повик за соработка со оваа научна институција и
стручна помош на секој заинтересиран за зачувување на нашето природно богатство-езерото, но и се што не опкружува бидејки
“ЗЕМЈАТА НЕ ЈА НАСЛЕДИВМЕ ОД
НАШИТЕ ПРЕТЦИ ТУКУ ЈА ПОЗАЈМИВМЕ ОД СЛЕДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ”
.
Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN sitesinden daha fazla şey keşfedin
Subscribe to get the latest posts sent to your email.