#Прличевци со акција за кревање на еколошката свест под мотото НИЕ и КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
Родителите и учениците на III2 одделение, во рамките на активностите за Правата на детето, а поддржани од Советот на родители и училиштето, успешно го реализираа проектот за подигнување на еколошката свест кај најмладите.
Проектот беше поделен на неколку катчиња со цел доближување на сите засегнати сегменти во нашата околина поради климатските промени, за кои пак главен фактор на настанување е човекот.
Учениците преку акција за собирање селектиран отпад , засадување цвеќиња за прочистување на воздухот, истражување на тема видови животни пред изумирање, пластиката во океаните и низа активности во текот на минатата недела, имаа можност да презентираат како се рециклира , како се засадува иднина, како се чуваат ендемските видови ,како треба да се заштити озонот и како треба да се чуваат и чистат океаните .
Со овој проект успешно се разви свеста и желбата за подобрување на навиките кај најмладите, а со тоа и подобрување на нашето место на живеење- нашата планета Земја
Да почнеме од најмладите, бидејки тие се нашата иднина
.
Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN sitesinden daha fazla şey keşfedin
Subscribe to get the latest posts sent to your email.