Во рамките на активностите во месецот посветен на 👫ДЕТСКИТЕ ПРАВА👫, а под мотото : “Имам право да живеам здраво”, учениците од биолошко-еколошката секција со одговорниот наставник Зора Ѓоршоска и заменик претседателката на Советот на родители Павлина Љатко Богоевска остварија средба со претставник од Хидробиолошкиот институт.
Цел на посетата беше одбележување на ⚠️🌍Денот на Климатските промени и нивното влијание врз
живиот свет во езерото и надвор од него.
Учениците се запознаа со карактеристиките на езерото🌊,флората и фауната🐟🐠🌱🍃 во него, ендемични форми од инвертебратите, вертебратите, флората во езерото, со посебен акцент на природниот и вештачкиот мрест на Охридската пастрмка🐟
Со конкретни примери им беше објаснато и за влијанието на климатските промени врз живиот свет во езерото но и поврзаноста и меѓусебната зависност на организмите насекаде на Земјата.🌎
Голема благодарност за отворениот повик за соработка со оваа научна институција и
стручна помош на секој заинтересиран за зачувување на нашето природно богатство-езерото🌊, но и се што не опкружува бидејки
‼️“ЗЕМЈАТА НЕ ЈА НАСЛЕДИВМЕ ОД
НАШИТЕ ПРЕТЦИ ТУКУ ЈА ПОЗАЈМИВМЕ ОД СЛЕДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ” ‼️
 
 
  
 
 
 
 
 
  
 

 

 

   

   

.  

 


Discover more from Schools plastic free Movement

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from Schools plastic free Movement

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading