Живееме во време на големи предизвици, особено кога станува збор за животната средина.
Здрава животна средина, средина без пластика значи продолжен живот на нашата планета Земја, односно на нас самите.
Затоа на оваа тема треба постојано да се разговара. Уште од најмала возраст да се стекнат навики за одржување на здрава и чиста средина.
За таа цел во нашето училиште постојано имаме работилници и неизбежни термини се: правилно складирање на отпадот, рециклирање, употреба на материјали кои се биоразградливи и слично. Преку примери од нашите ученици и сликовито го прикажавме тоа.
Храната која е пакувана во пластични ќеси ја заменивме со храна која е спакувана во биоразградлива фолија. Целиме во оброкот на учениците да биде застапено свежото овошје и зеленчук. Тоа го правиме од две причини.
Првата, оваа храна содржи витамини и минерали кои се неопходни за правилен психо-физички развој на учениците, втората овој вид на храна не е пакуван во пластична амбалажа, која по употребата ќе влијае штетно на животната средина. Нагледните средства и манипулативи кои секојдневно ги употребуваме на нашите часови се од природни материјали, грав, дрво, ориз, леќа…Пластичните карти, математичките сметалки, пластичните стапчиња постепено стануваат минато. Секое утро пред да ни започнат часовите учениците прво ја посетуваат кутијата каде оставаат пластичен материјал за рециклирање, па потоа одат на час. Ги учиме дека со секое собрано пластично шише допринесуваат за здрава животна средина, училиште без пластика, која е важна за нив, за нивните семејства и за идните генерации. Ако сакаме да се случат промени, почнуваме од нас.
Бидејќи ние сме наставници на учениците од најмала возраст, период каде се градат како личности, имаме задача да делуваме дирекно, да направиме од нив корисни луѓе за општеството. Една од најбитните задачи е да ги научиме да си се сакаат себе си, да го сакаат местото кај што живеат, односно да се грижат, да допринесуваат за здрава животна средина. Директното наше влијание ќе допринесе да и’ го продолжиме животот на нашата планета Земја, односно нашиот живот, каде ќе бидеме здрави и среќни дека токму од нас потекнува промената кон подобро утре.
ООУ “Свети Климент Охридски” Бутел
.
Scopri di più da Progetto Erasmus+ KA3 – Supporto per la riforma delle politiche 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN
Abbonati per ricevere gli ultimi articoli inviati alla tua e-mail.