Училишна кампања под мотото „Да ги ослободиме училиштата од пластика – ние сме мали, но може да направиме големи промени
На 28.4.2023 во соработка со непрофитната компанија за управување со отпад „Пакомак“, како дел од активностите што ООУ „Григор Прличев“ ги спроведува како амбасадор училиште во рамки на проектот ,,Plastics Free Movement,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN беше одржана едукативна работилница
На работилницата представникот на „Пакомак“, г-дин Џан Мамут одржа предавање за важноста од селектирањето на отпадот и придобивките од унапредување на процесот на негово рециклирање
На работилницата учествуваа представници од училишните Еко патроли кои во координација со проектниот тим од проектот,,Plastics Free Movement,, ќе спроведат училишна кампања под мотото „Да ги ослободиме училиштата од пластика – ние сме мали, но може да направиме големи промени
За таа цел во училиштето беа донирани канти за селекција на пластичен и хартиен отпад, кој во договор со локална компанија за управување со отпад и „Пакомак“ ќе биде дистрибуиран до центар за рециклирање на пластика и хартија. Се надеваме дека оваа кампања во иднина ќе прерасне во долгорочна училишна стратегија.
Особена благодарност за несебичната поддршка и соработка во името на сите ученици од нашето училиште би сакале да упатиме кон г-дин Игор Макалоски Oперативен менаџер во „Пакомак“
Descubre más desde Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN
Suscríbete y recibe las últimas entradas en tu correo electrónico.