Секој има право да живее здраво…
Во рамки на активностите за одбележување на месецот ноември – месец посветен на ПРАВАТА НА ДЕЦАТА, #прличевци гласно со порака :




Имаме само една
планета Земја
, наша, единствена. Како ќе се однесуваме кон неа, така таа ќе ни возврати
. Затоа да бидеме свесни и совесни, да ја чуваме и негуваме и да се грижиме за неа како за сопственото здравје, за животот.



Денешниов ден, кога се одбележува
Светскиот ден на Климатските промени
, да ни биде поттик да ја чуваме и унапредуваме животната средина, да укажеме на опасните последици од загадувањето на водата, воздухот и почвата. Да ја сочуваме нашата Планета за нас, за идните поколенија, да растат здрави и среќни.









Секој од нас има одговорност за
планетата Земја
. Тргнете од себе, разбудете ја вашата свест !!!




.
Descubre más desde Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN
Suscríbete y recibe las últimas entradas en tu correo electrónico.