Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN
Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, ја позајмуваме од нашите деца (индиска поговорка)
Живееме во општество преплавено со пластични и нафтени производи. Нашите секојдневни навики го уништуваат екосистемот на планетата, ставајќи го животот на планетата земја под ризик. Со години, сите приговори во врска со ова не беа слушнати и дојдовме до момент кога , низ воздухот, храната и водата, секој од нас во просек апсорбира количина на микропластика еднаква на една кредитна картичка секоја недела. Затоа е време да се дејствува итно, да се промовира целосна промена во секојдневните навики на луѓето, да се заштити животната средина, нашето здравје и иднината на човекот и на многу живи видови на планетата. Проектот за ослободување на училиштата од пластика се раѓа од потребата да се едуцираат идните генерации да ги најдат сите можни начини за замена на употребата на пластика со алтернативни, одржливи и еко-компатибилни материјали. (Движењето сака да започне од дното, поканувајќи училишта и образовни институции од целиот свет да учествуваат во него. Ние сакаме да започнеме процес на свесност од децата и младите, од нивната љубов кон природата и кон животот што води кон трансформација во потрошувачката и изборот, како за нив, така и за возрасните околу нив, особено сакаме да им овозможиме на новите генерации шанса да го намалат ритамот на живот и да развијат поодржлива идеја за потрошувачката. Всушност, во последните неколку децении, брзината и нескротливата потрошувачка на кој било производ станаа клучни елементи на нашето секојдневие: треба да го смениме нашиот начин на дејствување и живеење затоа што веќе станавме најголем загрозувач за планетата. Затоа се овие две основни цели: да зближиме со природата од кои сме составен дел и да произведуваме што е можно помалку отпад). Почнувајќи од училиште сакаме да ја искористиме креативноста на учениците за да ги промениме навиките на возрасните. Движењето почнува одоздола, од ученици сите училишта и образовни институции и сака да се прошири низ целиот свет. за да започне процес на подигање на свеста кај децата, нивната љубов кон природата и животот што ке доведе до трансформација во потрошувачката и во изборот на возрасните. Идејата е да се охрабрат учениците од секоја земја во светот да размислат за употребата на пластика во нивниот секојдневен живот, да разберат какво влијание може да има оваа употреба врз животната средина и да измислуат и создадат одржливи алтернативи што трајно ќе се користат во училиште или домот. Движењето има за цел да ја подигне свеста и да ги освести младите за влијанието на пластиката врз животната средина и да им даде можност да бидат протагонисти на промената преку нивната креативност. Студентите / учениците / децата од училиштата или која било институција што ќе стане дел од движењето ќе треба да идентификуваат голем број пластични предмети (како почеток на процес на трансформација) за да бидат заменети со други алтернативни материјали (рециклирани, одржливи, еко-компатибилни), преку нивните пронајдоци и кои тие стануваат трајно вообичаени објекти во релативните образовни институции и дека тие ке бидат споделуваат на платформа на која ке ги има сите идеи што ќе доаѓаат од целиот свет. Училиштата и организациите кој ке бидат дел од проектот за ослободување на училиштата од пластика ќе бидат вклучени во светска мрежа „Никому Помалку“ за размена на добри практики, каде секое училиште / организација ќе може да ги претстави своите алтернативи на пластиката и сите поврзани активности. Оваа заедница ќе биде простор за меѓукултурен дијалог и отвореност кон другите што ќе им овозможи на учениците вклучени да видат како нивната посветеност може да биде од огромна важност за целата планета. Проектот за ослободување на училиштата од пластика има за цел да влиае врс социјалното и политичкото гледиште преку примерот даден од самите деца. Секое училиште, образовна приватна или јавна организација во светот може слободно да се приклучи на мрежата. Без ограничувања на возраста, религијата или земјата на потекло.
Целите на проектот за ослободување на училиштата од пластика:
Едуцирање ги децата да избегнуваат употреба на пластика и да бидат свесни за еколошките проблеми поврзани со употребата на пластика.
Развивање креативност за децата да измислуваат материјал и алатки од алтернативно потекло за трајно користење наместо пластика во училиштата.
Kреирање платформа на интернет за споделување на искуства
Предложување игри, активности и стратегии за спречување на употреба на пластика што ке биде споделено на платформата.
Создавање на европско и светско движење на училишта / институции / невладини организации.
Вклучување ги семејствата на децата во менување на нивните навики и повеќе да не користат пластика
Создавање на училишен бренд како симбол на социјална вклученост во процесот.
Создавање на наставни содржини и активности за ефектот на пластика врз човекот и нашата земјата.
Овој проект е поврзан со повелбата за просоцијални вредности на светската заедница „Никому Помалку“. Повеќе информации: (Повелба за просоцијални вредности)
Проектот за ослободување на училиштата од пластика е составен дел од мрежата („Никому Помалку“).