#Прличевци со акција за кревање на еколошката свест под мотото 👭НИЕ и КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ 🌎
Родителите и учениците на III2 одделение, во рамките на активностите за Правата на детето, а поддржани од Советот на родители и училиштето, успешно го реализираа проектот за подигнување на еколошката свест кај најмладите.👏
Проектот беше поделен на неколку катчиња со цел доближување на сите засегнати сегменти во нашата околина поради климатските промени, за кои пак главен фактор на настанување е човекот.
Учениците преку акција за собирање селектиран отпад 🗑🚮♻️, засадување цвеќиња за прочистување на воздухот🌸🌳🌼, истражување на тема видови животни пред изумирање🐼🐻‍❄🐢, пластиката во океаните 🌊🧴и низа активности во текот на минатата недела, имаа можност да презентираат како се рециклира ♻️, како се засадува иднина🌳, како се чуваат ендемските видови🐼 ,како треба да се заштити озонот🌐 и како треба да се чуваат и чистат океаните 🌊.
Со овој проект успешно се разви свеста и желбата за подобрување на навиките кај најмладите, а со тоа и подобрување на нашето место на живеење- нашата планета Земја 🌎
🌍Да почнеме од најмладите, бидејки тие се нашата иднина🌏
 
  
 
 
 
 
 
  
 

 

 

   

   

.  

 


Discover more from Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading